Ковид-19 го згасна клубот на македонски младински репрезентативец!

Паузата поради пандемијата со Ковид-19 претставува кобен период за спортот, па порано или подоцна секој од клубовите ќе се соочи со егзистенцијалното прашање. Во Европа одекна веста за првиот фудбалски клуб кој доживеа банкрот и во него играат еден актуелен, еден поранешен македонски младински репрезентативец.

Словачка Жилина е првиот клуб, кој објави банкрот, барем од најсилните лиги низ Европа. Во него настапуваат актуелниот младински репрезентативец на Македонија, Енис Фазлагиќ, како и поранешниот, Бесир Демири. Демири беше гостин во ТВ Шења и откри дека и двајцата ќе бидат слободни играчи од 1 мај.

„Пред еден ден бев информиран дека 15 фудбалери се ослободени од клубот, почнувајќи од 1 мај. Првично, од наш беше побарано да ни ги скратат платите за 70 проценти, но тоа не беше прифатливо за повеќето фудбалери. Потоа, во следните неколку дена нѐ информираа дека сме слободни. Се надевам дека ќе нема и други клубови жртви и се надевам дека сите играчи кои ќе си одат од Жилина ќе бидат добро“, рече Демири.

Тој беше член на македонската репрезентација која играше на историското ЕП 2017 за фудбалери до 21 година. Потоа прифати да настапува за Албанија, а беше член и на Вардар до почетокот на 2018. Енис Фазлагиќ, пак, со своите 20 години уште е важен елемент од македонската младинска репрезентација. Тој дојде во Жилина од Шкендија, на почетокот на 2018/19 сезона и оттогаш запиша 26 настапи за првиот тим