Ковид-19 го нападна и Ливерпул: Алкантара има позитивен тест!

Новото засилување на Ливерпул, Тијаго Алкантара е позитивен на ковид-19. Актуелниот англиски шампион потврди дека нивниот фудбалер имал позитивен тест на вирусот, а има и благи симптоми.

Фудбалерот кој дебитираше за премиерлигашот во победата против Челси од 2-0, веднаш бил испратен во самоизолација, каде што треба да остане 14 дена.