Коста во свој стил: Жоао Феликс е тоа што ни недостасуваше, тој не е ѕвезда

По заминувањето на Антоан Гризман, Диего Годин и Хуанфран, Атлетико Мадрид мораше да си најде нов лидер во тимот. По се изгледа, тоа ќе биде Диего Коста.

Тој даде интервју пред „Јутјуб“ каналот „Que Partidazo“, откако изјави дека не се обидел да го спречи Гризман да се пресели во Барселона, бидејќи тој сакал да игра со Лионел Меси и Лиуз Суарез.

Неговиот сон беше да игра заедно со Меси и Суарез. Сите знаеме колку е добар Антоан. Како фудбалер секогаш сакате да пробувате нови работи и нормално е да си ја проба среќата, да стане главен играч во клуб како Барса. Тој сакаше нов предизвик и го најде во друг клуб. Јас дури и не се обидов да го убедам да остане, но ако побараше да му дадам совет, ќе му кажев дека сите треба да пробаат нешто ново, започна Коста.

Шпанскиот репрезентативец потоа прокоментира и за новото засилување на „јорганџиите“, Жоао Феликс.

Кога пристигна во Атлетико, веднаш видовме дека е подготвен да ги слуша советите на поискусните играчи, тој сакаше да учи од нив. Тој не е играч, кој мисли дека е ѕвезда. Ова е добро за соблекувалната и за клубот. Тој ги покажа своите квалитети за време на предсезонските дуели. Тој го покажа тоа против Јувентус, и против Реал, како и на тренинзите. Има природен талент, нешто поразлично од вообичаеното. Нормално е да се има големи очекувања за Жоао, сегледа колку е добар играч. Лично, добро се снаоѓам со него на теренот. Да се ​​има играч кој може со еден допир на топката да започне напад ви дава предност. Секој може да види дека има нешто посебно во него. Ова беше нешто, од кое имавме потреба, не само на мене, туку на целиот тим, заклучи напаѓачот.