Коронавирусот предвреме ќе го пензионира Ибрахимовиќ?!

Коронавитусот најверојатно предвреме ќе му ја заврши кариерата на еден од најдобрите голгетери - Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот во текот на зимскиот трансфер рок пристигна во редовите на Милан, а од неговото доаѓање „росонерите“ бележат далеку подобри резултати.

Сепак, како што пишува „Газета дело спорт“, Швеѓанецот би можел да се повлече од активното играње фудбал на крајот на тековната сезона, а еден од виновниците е пандемијата на коронавирусот, која откажа многу спортски настани, а со тоа го одложи и Европското првенство за наредната година.

Швеѓанецот има договор со Милан до крајот на јуни со можност за продолжување на уште една година, но работите во тимот од Милано не се сјајни, па затоа тешко е да се очекува соработката да биде продолжена. Иако, Ибракадабра најавуваше дека ќе игра до 2021 година, сепак поради епидемијата која владе низ светот најверојатно предвреме ќе ја заврши кариерата. 

Во текот на својата карира, Ибрахимовиќ играше за бројни европски гигант меѓу кои и Интер, Јувентус, Барселона, ПСЖ, Манчетсер Јунајтед, Ајакс...