Конечно прва сезонска победа за Удинезе: Несторовски остана на клупа (ВИДЕО)

Удинесе во 4.коло од Серија А се израдува на првата сезонска победа откако ја совлада Парма со 3-2. 

На претходните три натпревари, „зебрите“ немаа постигнато ниту еден гол, а денеска со три во мрежата на Парма конечно стигнаа до премиерните бодови. Ернани ги доведе гостите во водство во 26-тата минута, а Самир израмни само две минути подоцна. Потоа Јакопони си постигна автоголво 52-та минута за водство на Удинезе. Јан Карамо го израмни резултатот во 70-тата минута за Парма, а победата на тимот од Удине му ја донесе Игнасио Пусето во 88-та минута.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски целиот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи.