Конечно и Вотфорд се израдува: Првата победа сезонава остварена кај Норич (ВИДЕО)

Тимот на Вотфорд дури во 12-тото коло во Премиерлигата успеа да ја запише првата победа откако славеше на гостувањето кај Норич.

Стрелци на головите за „стршлените“ беа Џерард Деулофеу во 2-та минута и Андре Греј во 52-та минута. За Вотфорд ова воедно беше прва победа во Премиерлигата по 20 април, кога на гостински терен го совлада Хадерсфилд или поточно 14 натпревари.