Клоп: Може сите да слават титула уште сега, ама јас и фудбалерите – никако!

Европскиот и светски првак Ливерпул му зема мерка и на својот најголем ривал Манчестер јунајтед во дербито во Премиерлигата, по што „црвените“ со меч повеќе од шампионот Манчестер сити избегаа на 16 бода разлика и веќе нема човек на Островот што воопшто помислува дека е можно четата на Јирген Клоп да ја загуби титулата.

Иако има уште многу да се игра, а теоретски Ливерпул може да ја загуби круната, сепак моќниот тим на „црвените“ игра во таква форма со која ако продолжи веројатно многу брзо ќе го завери првиот шампионски трофеј после цели три децении, ама и ќе ја надмине границата од 100 бода во една сезона.

И додека во Ливерпул веќе се слави круната меѓу навивачите, а и целата англиска јавност е свесна дека „црвените“ уште сега треба да го добијат пехарот, менаџерот Клоп на своите избраници им порача – воопшто да не се радуваат. Од легендарниот „Коп“ после победата ечеше шампионска песна, но...

„Јас немам проблем со тоа што навивачите слават. И треба да слават. Сите да слават, само јас и фудбалерите – никако! Ништо не е сменето, ја имаме истата предност, имаш уште да се игра. Би рекол дека се чувствуваме поинако, ама тоа не е вистина. Одиме максимално фокусирани додека не ја освоиме круната. После може да славиме. Јас реков дека сезонава е приоритет Премиерлигата и таа е најважна. Во четврток имаме нов меч (Вулверхемптон – н.з.) и тоа е наш нов предизвик. Значи, јас во главата немам многу време да размислувам за други работи, освен за фудбал и мечот што ни претстои“, вели Клоп.