Клоп дозна ужасни вести: Познато колку ќе паузира Ван Дајк!

Еден од најдобрите дефанзивци во светот Вирџил Ван Дајк рано го заврши градското дерби против Евертон (2-2) на „Гудисон парк“, откако заработи повреда по судирот со голманот Џордан Пикфорд.

Пикфорд ненамерно влета директно во коленото на Ван Дајк, по што дефанзивецот беше на прегледи, а црните прогнози се остварија и тренерот Јирген Клоп нема да може да смета на него до крајот на сезоната.

Според медиумите, Ван Дајк ќе паузира во период од седум до осум месеци.