
Кимих го одбра најтешкиот ривал – тоа не е Мбапе, Роналдо ниту, пак, Меси!
Тој без преголемо размислување го избра шпанскиот напаѓач Алваро Мората (31), кого го стави на сопствената листа пред легенди како Лионел Меси, Кристијано Роналдо или Килијан Мбапе против кои многу пати настапил. Кимих е една од најголемите ѕвезди на Баварците со кои освои 20 трофеи, вклучувајќи го и трофејот во ЛШ во 2020 година. И покрај тоа што играше против најдобрите играчи во светот, тој го избра актуелниот напаѓач на Атлетико Мадрид, кој претходно настапуваше за Реал, Јувентус и Челзи, а кој за шпанската репрезентација има 34 гола на 69 настапи.
Оваа одлука, сепак и не е толку изненадувачка со оглед што Кимих го избра Мората за свој најтежок ривал и во интервју дадено во 2018 година.