„Кикер“ ја одбра идеалната постава во Бундеслигата, за Халанд нема место

Реномираниот германски магазин „Кикер“ го одреди идеален тим за минатата сезона во Бундеслигата. На големо изненадување за многумина, во тимот не се најде Ерлинг Халанд, кој постигна 13 голови и направи три асистенции на 15 натпревари за тимот на Дортмунд.

Причина за ваквата одлука е тоа што младиот Норвежанец се приклучи во составот на „милионерите“ во текот на зимскиот трансфер рок.

Половина од екипата ја сочинуваат играчи од Баерн од Минхен, кои ја освоија титулата со предност од 13 поени во однос на второпласираниот тим од „Сигнал Идуна Парк“.

Состав (4-2-3-1): Мануел Ноер (Баерн) - Бенџамин Павар (Баерн), Матијас Гинтер (Борусија Менхенгладбах), Матс Хумелс (Дортмунд), Алфонсо Дејвис (Баерн) - Џошуа Кимих (Баерн), Марсел Забицер (Лајпциг) - Џејдон Санчо (Дортмунд), Томас Милер (Баерн), Тимо Вернер (Лајпциг) - Роберт Левандовски (Баерн).