Кејлор Навас бара 10 милиони евра од Реал за да си оди од „Сантјаго Бернабеу“

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, кој освои хет-трик на европски титули во периодот 2016-2018 со „кралскиот клуб“ побарал отпремнина од десет милиони евра за да си замине од „Сантјаго Бернабеу“ летово.

Навас е еден од 13-те фудбалери што би требало да го напуштат шпанскиот великан во тоталната реконструкција која веќе се случува во престолнината, но голманот нема намера да си замине туку така. Весникот „АС“ објави дека Навас си ја бара платата за последната година од договорот, за да си замине и да направи трансфер во друг клуб. Но, Флорентино Перез не сака даа желба да му ја оствари

Костариканецот беше прв чувар на мрежата во историските три години, но по доаѓањето на белгиската ѕвезда Тибо Куртоа од Челси, го загуби првотимскиот статус и сега е на излезна врата. Бенфика, Спортинг Лисабон и ПСЖ се споменуваат како можни дестинации на чуварот на мрежата.