Кавани наскоро ќе има нов клуб: Не е ниту Интер, ниту Атлетико Мадрид

Единсон Кавани е еден од најдобрите голгетери со светскиот фудбал изминативе десет години. Уругваецот си замина од редовите на ПСЖ како слободен фудбалер, откако на 30 јуни му истече договорот.

Многу клубови се заинтересирани за неговите услуги, а шпекулациите велеа дека Интер и Атлетико Мадрид се главни кандидати за неговиот потпис. Уругвајските медиуми откриваат дека менаџерскиот тим на фудбалерот денеска имал состанок со претставници на Бенфика во Лисабон.

Голгетерот изгледа е близу до преселба на „Естадио да Луж“, но има уште време од преодниот рок, а едно е сигурно, Кавани ќе им огромен број понуди.

Кавани пред ПСЖ играше за Наполи и Палермо во Италија.