Каталонците тонат во долгови: Барселона им должи 126 милиони евра на 19 клубови! (ФОТО)

Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми, а тоа не е тајна затоа што и претходно на тимот му се закануваше банкрот, по што мораа фудбалерите да прифатат помали плати.

Сега се појави документ за тоа колку Барселона им должи на останатите клубови за претходно реализираните трансфери, а тоа е сума од 126 милиони евра за дури 19 екипи.

Каталонците најмногу му должат на Ливерпул, односно 29 милиони за Филипе Куињо, како и 16 милиони на Ајакс за Френки де Јонг.