Каталонците сметаат дека се ограбени: Каде е пеналот направен врз Пике? (ВИДЕО)

Барселона одигра 2-2 против Реал Сосиедад во Сан Себастијан, па така им остави можност на Реал Мадрид да го преземе првото место од нив. Сепак, мечот го одбележа една контроверзна ситуација во последните минути.

Каталонците сметаат дека врз Жерар Пике во судиското надополнување беше направен прекршок во казнениот простор и судијата морал да досуди пенал.

„Не знам зошто служи ВАР ако не реагира во вакви ситуации. Ниту ќе добиеме објаснување зошто судијата не досуди пенал. А виде дека има прекршок, како што видовме сите ние“, бесно порача Серхио Бускетс, по што Барселона порача дека ќе се жали до фудбалскиот Сојуз.