Касемиро пред потпис со Јунајтед, се брза да стигне до дербито со Ливерпул!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, е на добар пат да добие квалитетно засилување по ужасниот старт на Премиер лигата со два порази по ред, откако од Шпанија доаѓаат информациите дека е прашање само на часови кога ќе биде потпишан договорот со ѕвездата на Реал Мадрид, Касемиро.

Бразилецот на „Олд Трафорд“ би се преселил за сигурни 60 милиони евра, со можност за уште десет милиони евра низ дополнителни бонуси, што е премија за „кралевите“ за фудбалер кој веќе навлегол во четвртата деценија од животот. Карло Анчелоти не сака да се откаже од Бразилецот, но управата веќе инвестира во неговата замена, Орелиен Чуамени, а со ова речиси веднаш би ја вратиле инвестицијата и би останале со далеку помлад и поталентиран фудбалер.

Ова би било трансфер од соништата и за Касемиро, со оглед што на 30-годишна возраст биу потпишал договор за следните четири сезони со плата од 18 милиони евра, двојно повеќе од тоа што заработува во Мадрид. Сега почнува трката со времето, со оглед на желбата на Тен Хаг да го има новото засилување во тимот веќе на следната средба и тоа против Ливерпул, закажана за во понеделник.