Касано: Влаховиќ згреши со Јуве, ќе му беше подобро да потпише за Арсенал!

Поранешниот италијански напаѓач Антонио Касано смета дека Јувентус згрешил со трансферот на еден од најдобрите стрелци во Серија А во моментов, Душан Влаховиќ, кој го купи за сума од 75 милиони евра.

Навивачите на „Старата дама“ се возбудени со засилувањето бидејќи Влаховиќ во првиот дел од сезоната постигна 20 голови на 24 меча во сите натпреварувања за Фиорентина.

„Јувентус направи неочекуван потег, но јас сум сигурен дека Масимилијано Алегри нема да го менува својот стил на игра. Дали Влаховиќ го направи вистинскиот потег? Не, тој згреши. Подобро ќе беше да потпише за Арсенал или Тотнем. Ова е ризичен чекор во неговата кариера“, вели Касано.