Капитенот на Барса со молитва на Ѕидот на плачот ќе ја подобрува формата! (ФОТО)

Капитенот на Барселона, Роналд Араухо доби слободно време од клубот за да отпатува во Израел и да најде душевен мир кој ќе му помогне да ја подобри формата.

Араухо беше многу паднат, правеше непромислени грешки и добиваше големи критики од фановите и медиумите, работите за него не се одвиваа добро.

Тој реши да отиде во Ерусалим, објави фотографија како се моли на прочуениот Ѕид на плачот и порача дека ова патување му носи мир.

Араухо се надева дека духовното патување во Израел ќе му помогне психолошки и тој ќе може да ја врати формата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Goal (@goal)