Кансело преживува хорор: Навивачи посакуваат смрт на мојата неродена ќерка!

Барселона беше елиминирана од ПСЖ со пораз на домашен терен во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а дел од навивачите го нападнале Жоао Кансело поради пеналот.

Кансело доби голем број навреди и закани на социјалните мрежи, па реши да ја „отвори душата“ пред јавноста.

„На Инстаграм има навивачи кои ѝ посакале смрт на мојата неродена ќерка. Тие не би ми го кажале тоа во лице затоа што ќе имаат проблем. Добив навреди и за мене и мојата партнерка. Посакување смрт на неродено бебе е сериозна работа, луѓето не размислуваат за личноста која стои зад фудбалерот кој го гледаат на телевизија“, кажа Кансело.