Како да паднала атомска бомба: Навивачите на Лидс направија хаос низ градот (ВИДЕО)

Навивачите на Лидс имаа луда прослава овој викенд, откако англискиот клуб се врати во елитната Премиер лига по подолго време.

Ова утро улиците во централните делови на градот беа покриени со ѓубре, а сето тоа изгледаше како да паднала атомска бомба на тоа место.

Но, навивачите на овој тим едноставно не можеа да се контролираат себеси и сакаа да ја прослават промоцијата во Премиер лигата, во која Лидс некогаш имаше главна улога кога е во прашање борбата за титулата.