Како Барди вежбаше слободни во балон во Чаир! (ВИДЕО)

За да биде таму каде што е сега, а за него да пишуваат и најтиражните шпански спортски весници „Марка“ и „Ас“, Енис Барди мораше да мине макотрпен пат. 

Ако мислите дека головите што македонскиот репрезентативец „како од шега“ ги постигнува од слободните удари за неговиот Леванте се само последица на неговиот талент - се лажете.

Барди уште од своите најмлади години ги увежбуваше овие удари, па оттаму и видеото што се појави на Јутјуб на кое се гледа како Енис вежба изведување слободни во балон во скопската населба Чаир (таму настапуваше за Шкупи). Теренот е помал од вистинскиот, но затоа и голот е помал. Иста е само далечината, па со право сега голманите во шпанската Примера постојано стравуваат кога Барди се мести за удар. 

А, како и не би стравувале, кога тоа за него е исто како удар од белата точка...