Јувентус за два часа продал 100 дреса на Роналдо, а првиот го купил – Кинез (ФОТО)

Кристијано Роналдо дојде во Јувентус за 105 милиони евра од Реал Мадрид и предизвика земјотрес на фудбалскиот пазар, па сега „старата дама“ со потегод да го донесе најдобриот светски играч направи маркетинг потег од кој очекува – стотици милиони евра.

И веднаш откако торинскиот гигант соопшти дека Роналдо и официјално е нов фудбалер на „старата дама“ и дека ќе го носи црно-белиот дрес до 230 јуни 2022 година, почна и официјалната продажба на дресови. Како што објавија италијанските медиуми, во првите два часа биле продадени – сто дреса. Цената им била 90 евра.

А, тоа што е најинтересно го нашле и првиот купувач – анонимен Кинез.