Јувентус во продолженијата ја елиминираше Џенова (ВИДЕО)

Јувентус мораше добро да се помачи за да се пласира во четвртфиналето во Купот на Италија, бидејќи ја совлада Џенова со 3-2 дури по продолженијата. 

Дејан Кулушевски и Алваро Мората му донесоа водство на домашниот тим до 2-0 по 23 минути игра. Џенова не се предаде па намали преку Ленарт-Мартен Чибора во 28-та минута. Филипо Мелегони израмни на 2-2 во 74-тата минута.

Херој на Јувентус беше младиот Тунижанец Хамза Рафиа кој погоди во 105-тата минута од натпреварот на својот дебитански настап за првиот тим. Во следната рунда, „Старата дама“ ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу СПАЛ и Сасуоло.