Јувентус само во првата половина од оваа сезона има страшна загуба од 113 милиони евра

Италијанскиот великан и актуелен првак Јувентус има страшна загуба поради актуелната финансиска криза предизвикана од пандемијата со коронавирус, па само во првата половина од оваа актуелна сезона 2020/21, таа загува е – 113 милиони евра.

Јувентус објави дека ланската сезона ги довела во минуд од 50 милиони евра, но половина од таа сезона се играше во нормални услови, до локдаунот во март и потоа рестартот без гледачи во јуни.

Но, сега поради продолениот ефект на ковид-19, затворените стадиони, „старата дама“ целосно ги трпи штетите што светската здравствена криза ги направи во фудбалот и во финансиите на најбогатиот италијански клуб.

„Во моментов, целата сезона е под влијание на ефектот од коронавирусот, што значи дека загубите ќе ни бидат ужасни“, објави Јувентус.

Ова значи дека „старата дама“ можно е да надмине и над 200 милиони евра загуби за оваа сезона, зашто стадионите остануваат заклучени до крај, а со тоа и приходите ќе се намалуваат.

Во минатата година, Јувентус имаше пад на приходите од322,3 милиони евра на 258,3 милиони евра.