Јувентус продолжува со засилувањата: Доаѓа швајцарски репрезентативец

Јувентус по комплетирањето на трансферот на Душан Влаховиќ сега тргнува и по Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах.

Фудбалерот од средниот ред во јуни ќе биде слободен фудбалер, а веќе и јавно објави дека не планира да го продолжи договорот со германскиот тим. Јувентус инсистира да го доведе Швајцарецот уште сега во јануари и понуди обештетување од пет милиони евра и плус два милиони во бонуси. 

Двата клуба се близу до договор, па се чини дека во последните моменти од преодниот рок Закарија ќе го засили Јувентус. Тоа ќе значи дека или Артур Мело или Родриго Бентанкур ќе си одат од Торино.