Јувентус потврди: Маурицио Сари е болен!

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари има здравствени проблеми. Тој го пропушти последниот пријателски натпревар против Триестина изминатиот викенд поради болест. 

Клубот официјално потврди дека Сари сега има пнеумонија и веројатно нема да биде на клупата на Јувентус за време на првиот сезонски натпревар против Парма на гостински терен.