Јувентус го израдува Алегри со второ засилување од Германија

Поранешниот италијански шампион Јувентус го ангажираше Душан Влаховиќ за 75 милиони евра од Фиорентина, но Србинот беше само почеток, затоа што гигантот од Торино планира да реализира уште еден трансфер.

„Старата дама“ е заинтересирана за Денис Закарија, кој доаѓа од Борусија Менхенгладбах, а трансфер е договорен до 2026 година и ќе биде платен само пет милиони евра бидејќи имаше соработка со германскиот тим до крајот на сезоната.

Јувентус во вториот дел од сезоната ќе се обиде да стигне до топ-4 и до крајот на сезоната треба да избори пласман во Лига на шампиони (ЛШ), додека следната сезона се очекува зголемување на амбициите и напад на шампионската титула.

Закарија за германскиот тим одигра 16 натпревари, а притоа постигна два гола и една асистенција, па без сомнеж ќе биде големо засилување за германскиот гигант.