Јунајтед со три голови во финишот го скрши Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Њукасл со 4-1, иако до самиот финиш резултатот беше 1-1, но потоа во последните десет минути паднаа уште три гола.

Њукасл го искористи првиот напад кон голот на „ѓааволите“, па мрежата ја затресе уште во втората минута, а Јунајтед во 23. минута се врати во игра по погодокот на Хари Мегваер.

Во второто полувреме Фернандеш промаши пенал, но во самиот финиш се поправи за неговата грешка и во 86. минута стрела за целосен пресврт (2-1).

„Ѓаволите“ тука не застанаа, па продолжија со притисокот и тоа донесе уште два гола за гостите. Најпрво Ван-Бисака зголеми на 3-1, а потоа Маркус Рашфорд ги постави конечните 4-1.