Јунајтед следното лето носи ѕвезда на Лестер за 80 милиони фунти

Манчестер јунајтед и во следниот преоден рок ќе биде многу активен за да се врати во врвот на Премиерлигата.

Веќе шест години „ѓаволите“ се мачат да постигнат добар резултат. По заминувањето на Сер Алекс Фергусон тие доживеаа голем удар, па се сменија неколку тренери, додека Жозе Мурињо успеа да ја освои Лига Европа, но и на него му дојде крајот.

Него го наследи Оле Гунар Солшер, кој ја засили одбраната со Хари Мегваер, а следното лето Јунајтед планира да купи уште една ѕвезда на Лестер сити.

Станува збор за 22-годишниот Џејмс Медисон, кој ги воодушеви сите со неговите настапи, па Јунајтед ќе треба да плати 80 милиони фунти за неговиот потпис.