
Јунајтед му даде последен ултиматум на Погба да се изјасни за иднината!
„Кралевите“ се во постојан контакт со Погба и тоа Зинедин Зидан со менаџерот Мино Рајола, зашто контроверзниот Италијанец е во лоши односи со претседателот на Реал, Флорентино Перез. И италијанските медиуми денеска ја објавија истата информација дека Јунајтед му дал последен ултиматум на Французинот за неговата иднина, но дека Јувентус сериозно планира да го врати во своите редови од каде замина во 2016 година за 105 милиони евра.
Во последните неколку недели, англиските медиуми објавија дека Погба го уценува раководството на клубот со барање за нов неверојатен договор со 500.000 фунти неделна плата, што сериозно ги нервира челниците, без оглед што има уште две години договор на „Олд Трафорд“.