Јунајтед мора да плати богатство за хотелско сместување на Мурињо! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо денеска доби отказ од Манчестер јунајтед, откако имаше катастрофални во последниот период, а последниот пораз го доживеа од Ливерпул со 1-3.

Португалецот стигна во Јунајтед во 2016 година, па се очекуваше под негово водство да ја донесе титулата на „Олд Трафорд“, но наместо тоа, Мурињо остави само борба за пласман меѓу четирите најдобри екипи.

За престојот во Манчестер, англиските медиуми пишуваат дека клубот мора да плати дополнителни 600.000 фунти и тоа за хотелско сместување, кое Мурињо го користеше во својот престој.

Мурињо живееше во луксузен апартман во хотелот „Лоури“, а тоа го чинеше цело богатство, но долгот мора да го плаќа клубот.