
Јунајтед бара 120 милиони фунти за Рашфорд, Тен Хаг објави – нема шанса да си оди!
Според информациите на „ЕСПН“, ПСЖ за Рашфорд понудиле 60 милиони фунти, но „црвените ѓаволи“ немат намера да го продадат за таа сума и бараат двојно повеќе. Со ова, скоро да е невозможно да се случи трансферот, зашто преголема е разликата од понудата и побарувачката, но и поради ставот на менаџерот Ерик Тен Хаг за овој евентуален трансфер.
„Рашфорд е многу важен играч за нас, тоа може од прв ден да го видите и јас сум многу среќен што го имам во тимот. Дефинитивно не сакам да го загубам. Рашфорд е во нашите планови и тој ќе остане во Манчестер јунајтед“, рече Тен Хаг.
ПСЖ бара центарфор и веќе загуби една битка за да го донесе Џанлука Скамака од Сасуоло, кој замина во лондонски Вест Хем, а на Мауро Икарди, кој беше донесен за 70 милиони евра и не се снајде во француската престолнина веќе му е соопштено дека е слободен да си бара нов клуб.