Јамал со подароци ги изненадил членовите на „Ла Масија“ (ФОТО)

Ламин Јамал имаше огромен напредок во изминатите месеци и стана еден од најважните фудбалери на Барселона, но не заборава од каде потекнува и купил подароци за сите во „Ла Масија“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јамал решил да ги изненади сите членови во „Ла Масија“ и да им купи подароци за новогодишните празници.

Јамал за секој од нив купил ист подарок, односно слушалки и потпишана честитка од самиот фудбалер.