Измама во Манчестер: Го вработиле како скаут за да го добијат потписот на син му!

Манчестер сити во последно време се поврзуваше со многу афери, а „Атлетик“ објави уште една. Новинарот Дејвид Орнштајн откри дека во тек е нова истрага против премиерлигашот.

„Граѓаните“ пред 10 години направиле измама, која дури сега се појави во јавност, па клубот би можел да биде казнет.

Манчестер сити во тоа време се обидувал да го ангажира младиот Габриел Фернандо Алмеида, но тоа не им успеало.

Тогаш решиле да го „вработат“ неговиот татко во клубот како скаут. Меѓутоа, тој бил лажен скаут и не работел ништо, а од Манчестер сити редовно му давале плата.