Излегоа во јавност првите кандидати за наследници на Венгер

Арсен Венгер и неговото заминување од Арсенал се главна фудбалска вест. Легендарниот тренер објави дека по завршувањето на сезоната, ќе го напушти клубот во кој помина 22 години.

Важното прашање, кое се поставува сега е – кој ќе го превземе Арсенал, а англиските медиуми веќе истражија неколку имиња. Листата е долга, но има само неколку поголеми тренерски имиња.

Венгер на заминување кажа дека неговиот поранешен играч и француска легенда Патрик Виеира би бил идеален наследник. Тој во моментов е тренер на ФК Њујорк.

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е високо на листата, но неодамна француските медиуми објавија дека Германецот наскоро ќе го превземе ПСЖ.

Сепак, Тухел е еден од фаворитите во обложувалниците, пред Јоаким Лев и Карло Анчелоти, а се споменува и името на поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике.

„Имаме високи амбиции да го градиме тимот на темелите кои ги постави Венгер, и да ја почитуваме неговата визија за да обезбедиме добра игра на Арсенал“, кажа едек од главните луѓе на „топчиите“, Стен Кроенке.