Историски момент: Алкохолот по 36 години се враќа на стадионите во Англија!

Фудбалските навивачи во Англија наскоро би можеле повторно да уживаат во мајсториите на актерите на теренот додека седат на трибините со кригла пиво во раката, првпат по пауза од дури 36 години.

Ваква најава доаѓа по предлогот на британската парламентарка, Трејси Крауч, која како независен истражувач ќе препорача постепено враќање на омилената забава на англиските фанови. Првично, тоа ќе биде пилот-проект кој ќе дозволи продажба на алкохол на стадионите во Лига 2 и во Националната лига, кој ако се покаже како добар тогаш одлуката ќе важи и за професионалните натпреварувања, секако и за Премиерлигата.

На фудбалските навивачи им беше забрането конзумирање алкохол во 1985 година поради хулиганизмот кој беше присутен на трибините. Но, поради фактот што фановите може да уживаат во алкохолот на средбите во рагби и крикет, парламентарката Крауч апелира дека е време да се смени мислењето за фудбалските натпревари.