Истепаниот навивач на Евертон ептен претерал со провокациите кон Виеира (ВИДЕО)

Скандалот поврзан со тренерот на Кристал Палас, Патрик Виеира, кој истепа навивач на Евертон по синоќешниот драматичен пораз на својот тим на „Гудисон парк“, доби поинаква перспектива, откако во јавноста се појави видео снимено токму од настраданиот фан на домашните.

На снимката убаво се гледа како невоспитаниот навивач на „карамелите“ жестоко ја навредува француската легенда, пцуејќи го, покажувајќи му среден прст и внесувајќи му се во лице.

„Пу*и го гоблин еден. Од*еби!“, се слуша меѓу другото од тоа што фанот му вели на Виеира.

Поранешниот капитен на Арсенал не издржа и почна да го удира со раце и нозе, по што навивачот падна на трева и почна да се превртува, а доброто е што други смирени фанови го тргнаа тренерот на Кристал Палас да не продолжи да го клоца.