Исак со јавниот коментар само го налути Њукасл и си направи проблем!

Според „Дејли Мејл“, ионака тврдата позиција на Њукасл стана уште потврда по објавата на Александер Исак на социјалните мрежи.

Фудбалерот пред два дена на социјалните мрежи напиша дека Њукасл не го исполниле ветеното, па затоа односот е нарушен.

Клубот тогаш веднаш се јави со демант, а сега информациите велат дека Њукасл дополнително ја зацврстил позицијата и нема намера да го пушти Исак ова лето да замине од клубот.

И покрај ваквите вести, не може да се исклучи евентуален трансфер на напаѓачот во последните денови од преодниот рок.