Интересна реакција на судијата по промашениот зицер од Лаказет (ВИДЕО)

Ливерпул синоќа славеше на „Енфилд“ со 3-1 против Арсенал во дербито од третото коло во англиската Премиерлига, но во центар на внимание беше главниот судија Крег Поусон.

Реакцијата на судијата по промашувањето на Александре Лаказет пред голот на Ливерпул стана хит на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека на таков начин тој покажал дека е навивач на Арсенал.