„Императорот“ конечно се смири: Адријано се венча со атрактивна фризерка (ФОТО)

Поранешниот бразилски фудбалер Адријано, познат под прекарот „Император“, важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот, но неговата кариера се уништи по смртта на татко му, по што се посвети на алкохол и падна во депресија.

Адријано играше и во татковината неколку години, но ноќниот живот му беше поважен од спортот, а сега делува дека конечно се смирил и тоа го потврдува објавата на неговата девојка, 24-годишната Микаела Мескито која работи како фризерка.

Атрактивната девојка објави дека во тајност се венчала со поранешниот напаѓач на Интер, кој беше страв и трепет за противниците, иако најпрво планирале да го кажат судбоносното „Да“ на 30 ноември.

Ова не е првпат за поранешниот бразилски напаѓач да биде во врска со помлади девојки. Тој пред две години ги изненади сите кога објави дека е во љубовна врска со 18-годишната Биа Миранда, но сепак се разделил и со неа, по што Микалеа успеала да го извлече од работ на целосна пропаст.