Икарди во јануари доаѓа на медицински прегледи во Реал Мадрид

Мауро Икарди со фантастичните игри сезонава во дресот на Интер го привлече вниманието на своја страна и веќе неколку европски гиганти се заинтересирани за неговите услуги. Во пол-позиција за неговиот потпис по се изгледа е Реал Мадрид. 

Иако фудбалерот изјави, дека ако добие телефонски повик од „кралевите“, нема да се јави, еден шпански новинар тврди дека трансферот на голгетерот на Интер на „Сантијаго Бернабеу“ е веќе договорен.

Пипи Естрада за време на една спортска емисија истакна дека Икарди ќе се пресели во Мадрид за сума од 92 милиони евра. „Лос Бланкос“ ќе платата 80 милиони веднаш и дополнителни 12 милиони евра во бонуси. Веднаш по Нова година Аргентинецот ќе пристигне на медицински прегледи и неколку дена подоцна веќе и официјално ќе биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид.