Икарди и Ди Марија стрелаа за 11. триумф на ПСЖ во Лига 1 (ВИДЕО)

ПСЖ продолжува со одличните настапи во француското првенство. Парижаните денеска со 2-0 славеа против Лил и така ја запишаа 11. победа сезонава во Лига 1.

Мауро Икарди прв ја затресе мрежата на гостите во 17. минута, а Анхел Ди Марија во 31. минута зголеми на 2-0.

ПСЖ во моментов е на првото место со 33 бодови, односно 11 повеќе од второпласираниот Марсеј, кој има одиграно и еден натпревар помалку.