„Ибрахимовиќ по само два дена беше газда во соблекувалната на Јунајтед“

Аргентинскиот репрезентативец Маркос Рохо се најде во центарот на вниманието откако во едно интервју зборуваше за својот поранешен соиграч од редовите на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ.

Рохо сподели интересен момен за Ибрахимовиќ кој досега на пошироката јавност не и беше познат.

Се сеќавам, имавме пријателски натпревар со Галатасарај во Шведска. Тој само што пристигна во клубот беше стартер. По само неколку минути постигна атрактивен гол, но противникот потоа доминираше и замина на пауза со предност. Па кога на полувреме влеговме во соблекувалната, тој удираше по што ќе стигне, се дереше и ги навредуваше дефанзивците. Бараше да излезат напред, да не се бранат толку длабоко. Само два дена беше дел од клубот, а веќе беше газда во соблекувалната, истакна Рохо