Ибрахимовиќ му дал ултиматум на Фонсека - подобри резултати или отказ!

Милан нема најдобар почеток на сезоната, па тешки денови се пред тренерот Пауло Фонсека кој добил ултиматум од Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот наводно му дал шанса на Фонсека во следните три меча да донесе подобри резултати или во спротивно ќе „лета“ од работа.

Фонсека доби жестоки критики и поради лошите односи со Тео Ернандез и Рафаел Леао, а засега не се споменуваат тренерски имиња кои би биле во конкуренција да го наследат неговото кормило.