Хрватите напишаа епски текст за Горан Пандев!

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев пред два месеци наполни 37 години, а на отворањето на новата сезона во Серија А против Кротоне постигна гол и во 17. сезона во елитниот италијански фудбал. Причина за Хрватите да напишат епски текст за целата кариера на фудбалерот од Струмица.

Во текстот со наслов "Неуништив", авторот Јурај Врдољак, се потсетува на првите чекори на Пандев во Италија, кога македонскиот играч како 18-годишно момче се сели во Интер, по што потоа оди на позајмица во Анкона, во чиј дрес во 2003 година го постигнува првиот гол во Серија А.

Во меѓувреме ќе биде дел од договорот со кој Дејан Станковиќ се сели од Лацио во Интер, а Пандев станува фудбалер на „небесно-сините“ од Рим, по што почнува неговиот пат до врвот. За да го доловите вистинскиот "вкус" на сторијата, одете на оригиналниот линк ТУКА.