Холандија побара од ФИФА порано да си го почне преодниот рок

Иако летниот преоден рок е пролонгиран (стартот веројатно ќе биде од 1 септември), Холандија, која е една од десетината земји кои воопшто нема да ја завршат сезоната, побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поголема флексибилност за трансфер-пазарот, зашто својот преоден рок ќе го почне и практично ќе го заврши пред да се комплетираат сите лиги.

Холандија ја поништи сезоната и не прогласи ниту првак, а нема ниту испаѓање, ниту промоција и поради ова, а веќе најавените промени во преодниот рок се соочуваат со проблем во кој може да влезат во проблем да продаваат играчи, а да не може да купуваат. Според најавите во Холандија на 9 јули ќе започне преодниот рок и тој според регулативите на ФИФА кои сега се променети ќе трае 12 недели од завршување на пролонгираната сезона.

Поради ова, бидејќи во најсилните лиги, сезоната ќе заврши до почетокот на август, значи дека тие ќе може да пазарат до октомври, а во Холандија еден месец претходно би се затворил пазарот и клубовите би се довеле во ситуација да загубат играчи среде сезона, а да не може да најдат замени.

„За ова во моментов сме најмногу зафатени, се обидуваме некако да го усогласиме преодниот рок со развојот на настаните на меѓународно ниво. Вака би се соочиле со ситуација нашиот преоден рок да се затвори, а во други лиги тогаш да започне и да се доведеме во ситуација да ни купуваат фудбалери, а ние да не може да ги пополниме дупките. Ова не е баш добро сценарио. Во моментов разгледуваме некои солуции“, вели Марк Боеткес, член на бордот на федерацијата.

Холанѓаните размислуваат за пауза во преодниот рок, па откако ќе се отвори нивниот трансфер пазар, во еден период од летото да нема купувања, туку да се остави доволно време и да се фати завршниот дел од преодниот рок во Европа, за да може промените во тимовите да бидат направени ако има заминувања.

„Се андеваме дека ФИФА ќе биде флексибилна за ова, а ако не ќе мора подоцна да го почнеме преодниот рок, што и не е најдобро сценарио. Размислуваме за опција да ги поделиме 12-те недели, но...“, додава тој.

Холандија е една од низата фудбалски велесили што предвреме ја прекинаа сезоната како Белгија, Франција, Шкотска, а фудбал летово нема да се игра ниту на Кипар, Велс, БиХ, Малта...