Хетафе со три гола го растури Бетис за втор триумф сезонава

Хетафе одигра одличен меч против Бетис, кој го доби уште во првото полувреме бидејќи сите три гола ги постигна во првите 45 минути (3-0).

Анхел го отвори резултатот во 13. минута од средбата и погоди за 1-0, по што во самиот финиш на првото полувреме Хетафе стрелаше уште двапати за водство од 3-0.

Второто полувреме мина многу мирно без шанси и мрежите останаа да мируваат, па Хетафе го запиша вториот триумф сезонава.