Хетафе немаше сила за сензација, Суарез во 91. минута го израдува Атлетико (ВИДЕО)

Актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид славеше на гостински терен кај Хетафе со 2-1 и го презема врвот во шпанската Ла Лига.

Хетафе по 10 години пауза му даде гол на Атлетико Мадрид преку Митровиќ во завршницата на првото полувреме, но проблемите за домаќинот почнаа со црвениот картон на Алења во 74. минута.

Луис Суарез со два гола во финишот од натпреварот му донесе голем триумф на гостинскиот тим, кој сега има 14 бодови по шест одиграни меча во Ла Лига.