Хаос на прославата во Ливерпул: Околу 300 навивачи имале жестока пресметка со полицијата (ВИДЕО)

Навивачите на Ливерпул изминативе неколку дена се на удар на британската јавност поради прославата на шампионската титула. 

Верните фанови, кои чекаа три децении за нова титула во Премиер лигата, оставија „тони“ ѓубре зад себе при прославата, но ниту се придржуваа до препораките и мерките за социјална дистанца, носење маски и друго, во време на пандемија со коронавирусот.

Овој пат, британските медиуми пласираа нови видеа на кои може да се забележи како дел од навивачите на Ливерпул се тепале со полицијата. Според информациите околу 300 навивачи правеле нереди и влегле во физичка пресметка со полицијата.