Халанд влезе во историјата - најбрзо до 100 гола во Премиер лигата (ВИДЕО)
Голот на Крејвен Котиџ беше 100. за него во англиското првенство и стана фудбалер кој најбрзо стигнал до оваа бројка. На Халанд за овој потфат му требаа 111 натпревари, 13 помалку од досегашниот рекордер Алан Ширер.
Норвежанецот е само 35. фудбалер во историјата на Премиер лигата кој ја минал границата од 100 гола.