
Халанд е страшен оваа сезона, но во Англија има играч кој постигнува многу повеќе голови од него!
Статистиката се однесува за најдобриот стрелец во првите пет англиски лиги оваа сезона, но без погодоци постигнати од пенал.
Далеку пред сите е фудбалерот на Нотс Каунти, Меколи Лангстаф. Тој оваа сезона во Националната лига (петта лига во Англија), има постигнато дури 39 погодоци.
Втор е Ерлинг Халанд со дури 16 голови помалку од него, Норвежанецот има 23, а само еден помалку од него има Пол Мулин кој настапува за Врексам.